„М-НАВ‘‘ А.Д – Скопје објавува оглас за прием на 8 (осум) кандидати на обука за стекнување
дозвола за контролор на летање и вработување на определено време во времетраење од 1 (една)
година со можност за продолжување на уште 1 (една) година, за следното работно место:
- Студент контролор на летање, Центар за обука на КЛ, ПКЛ и FMP извршители, во Сектор за
воздухопловна навигација 8 (осум) извршители.
Кандидатите потребно е да исполнуваат:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да има 18 години, а да нема наполнето 27 години;
- да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка (завршен со одличен
или многу добар успех и примерно однесување); - да има општа здравствена способност за работното место; и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење
професија, дејност или должност.
Посебни услови: - да има познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (В2);
- да нема започнато слична обука во друга организација за контрола на летање;
- да нема неуспешна обука на друго место за контрола на летање;
- успешно да го положи FEAST тестот во согласност со Еуроконтрол стандардите,
повеќе информации може да се најдат на веб страната www.feast.info; - валидно лекарско уверение за здравствена способност класа III во согласност со ЕУ
регулативата 2015/340 (Уредбата за посебните услови, начин и постапка на
утврдување на здравствената способност на персоналот во воздухопловството и
другиот стручен персонал); - способности и вештини, лични квалитети а особено: владеење на посебни вештини
– работа на компјутери; вештини за брза обработка на информации; способност за
размислување и изразување точно и логично; способност за работа во тим, но и
самостојно.
За повеќе детали кликнете овде